На две кола пред крајот на сезоната, познати се учесниците во плеј офот на домашното пингпонгарско првенство. Првопласираните четири екипи без грижи за својот пласман ги очекуваат последните две кола. Радовиш, Крива Паланка 2007, Вардар и Работнички, кој од овие клубови и во следната сезона ќе се натпреварува во елитата ќе се знае после одигрувањето на сите 18 кола од првенеството.

Телеком НЕЦ и Струга од следната сезона ќе се натпреваруваат во рамките на првата лига за сениори.

Во рамките на 15 и 16 коло, лидерот Младост 96 од Прилеп уште еднаш ја покажа својата доминација со две максимални победи и само го потврди тоа што се очекува, дека со потенцијалот на играчи клубот е најсериозен кандидат за освојување на шампионската титула.

Супер лига – Резултати 15. коло

Струга – Работнички  0:4

Младост – Вардар  4:0

Радовиш – Телеком Нец  4:3

Крива Паланка 2007 – Шампион ФА  0:4

Младост 96 – Телеком Нец 2  4:0

Супер лига – Резултати 16. коло

Работнички – Младост 96 0:4

Телеком Нец 2 – Крива Паланка 2007 4:0

Шампион ФА – Радовиш 4:2

Телеком Нец – Младост 1:4

Вардар – Струга 4:0

ТАБЕЛА:

1          Младост 96   32

2          Младост        30

3          Шампион ФА           28

4          Телеком Нец 2         26

5          Радовиш                   23

6          Крива Паланка 2007          23

7          Вардар          22

8          Работнички 22

9          Телеком Нец            18

10        Струга           16