Тимот на Мелбурн Сити продолжува да биде во трка за шампионската титула на Австралија откако денеска на гостински терен со 2:3 беше подобар од Велингтон.

За гостинскиот тим последните десетина минути ги одигра и Стефан Чолаковски, Македонецот, кој се обврза да настапува за нашата младинска репрезентација но поради Ковид протоколите кои во моментов важат во Австралија тој не можеше да и се приклучи на нашата У21 селекција на турнирот во Анталија.
Чолаковски полека но сигурно влегува во стартните единаесет на Мелбурн Сити и само е прашање на време кога ќе го добие статусот на стартер.