Италијанската влада дозволи враќање на гледачите на фудбалските стадиони за време на ЕП во фудбал ова лето. Италија ќе биде домаќин во Рим на Олимпискиот стадион, а по барање на УЕФА дозволи делумно пополнување на трибините.

Засега, сè уште не е познато колку гледачи ќе бидат дозволени на стадионот, на кој можат да се сместат 70.000 гледачи.

„Министерот за здравство Роберто Сперанца ни рече дека владините научни советници ќе ги изберат најдобрите решенија што ќе овозможат присуство на јавноста на Олимпискиот стадион во Рим во јуни по повод Европското првенство“, изјави претседателот на Италијанската федерација, Габриеле Гравина.

Воведниот натпревар на Европското првенство меѓу Италија и Турција на 11 јуни ќе се одигра во Рим.