Европскиот првак, Баерн Минхен одлучи да не му понуди нов договор на Џером Боатенг, кој на крајот на сезоната ќе може да си оди како слободен играч. Одлуката е донесена на состанокот на директорите на баварскиот гигант и истата е сопштена на менаџерот на 32-годишниот фудбалер.

Боатенг кариерата ја почна во Херта, играше за Хамбургер и Сити, а во редовите на Баерн стигна во 2011 година. За него ова беше десета сезона во дресот на бундес-лигашот, има 354 настапи и 10 гола. Тој е стандарден првотимец, но клубот во новата сезона сака да им даде шанса на помладите играчи.