Денеска и утре се играат полуфиналињата од Купот на Македонија, додека за претстојниот викенд закажани се шесте мечеви од 26.коло во ПМФЛ. Вообичаено еден натпревар се игра во сабота, кој ќе може да го проследиме низ директен пренос на ТВ Арена Спорт и МРТВ, а тоа е дуелот меѓу Работнички и Пелистер. Додека во недела се играат средбите Ренова – Шкендија, Силекс – Вардар, Борец – Струга Трим Лум, Беласица – Македонија ЃП, А. Пандев – Шкупи.

Според најновата одлука на Комисијата за натпревари на ФФМ, во следните две недели сите натпревари од Првата и двете втори лиги ќе се играат со почеток од 13 часот.