30-годишниот крилен центар Иван Аска од четврток ќе биде нов кошаркар на Работнички.

Американецот кој потекнува од Мареј Стејт, Кентаки, последен пат играше за израелскиот клуб Хапоел Хевел каде минатата сезона имаше просек од 21 поен и 8,6 скока по натпревар.

Аска е исто така репрезентативец на Девствените остров и оваа сезона ги претставуваше во квалификациите за Американскиот Куп 2022. Инаку тој ќе биде петти странец во составот од Градски Парк.