Тимот на Челзи се препороди резултатски и играчки под водство на Томас Тухел. Германскиот тренер и тоа како знае што прави во таборото на Челзи, па очигледно дека управата на лето ќе му овозможи трансфер активност по негов вкус.

Ќе се носат играчи како што сака, а од друга страна уште од сега се крои списокот на оние кои си заминуваат за да бидат доведени нови.

Дури деветмина се на тој список, а како прв се спомнува Теми Абрахам. Следува Антонио Рудигер, Емерсон Палмиери, Фикајо Томори кој во моментов е дел од Милан како позајмен фудбалер.

Жоргињо е исто така во немилост на Тухел, кој не смета на бразилецот повеќе, а веќе станува јасно дека и најскапиот голман во историјата на фудбалот, Кепа Аризабалага кој веќе е на клупата за резерви.

Рубен Лофтус Чик, Мичи Бачуаи, Рос Баркли го затвораат списокот на играчи кои следното лето веќе немаат место на Стемфорд Бриџ.

Од сите овие трансфери планира да заработи 200 милиони евра, а приоритет ќе биде Ерлинг Халанд.