Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, зборуваше за конфликтот меѓу дефанзивецот Антонио Ридигер и голманот Кепа, што се случи на тренинг на тимот по поразот од ВБА во саботата.

„Конфликтот меѓу Ридигер и Кепа немаше никаква врска со поразот од Вест Бром. Тоа беше само инцидент за време на тренинг. Ја смиривме ситуацијата. Овој вид на работа е невообичаен, но се случува понекогаш. Начинот на кој играчите реагираа на ситуацијата е неверојатен. Момците покажаа колку многу се почитуваат мене и едни кон други, бидејќи веднаш го решија проблемот. Зборувавме за инцидентот веднаш по тренингот и тоа е тоа. Немаше казна затоа што момците добро се справија со ситуацијата. Оваа ситуација повеќе не постои“, тврди Тухел.