Лукас Хернандез пристигна во Баерн Минхен од Атлетико Мадрид во 2019 година, меѓутоа за неполни две години одигра нешто помалку од 40 меча за „Баварците“. Повредите го спречија да биде подобар, а Баерн сега се мисли дали да му даде уште една шанса да се врати, или да го продаде на лето.

Во германските медиуми се шпекулира дека заминувањата на Алаба и на Боатенг по завршувањето на сезоната, ќе придонесат Французинот да биде блиску до првите 11 во таборот на германскиот и европскиот првак. Иако играше повремено, сега ќе добие шанса, но доколку не го пружи она што се очекува, лесно може Баерн да се премисли.

Флик е задоволен од залагањето и од желбата на Хернандез да се врати на теренот, па така иако ќе загуби двајца дефанзивци на крајот од сезоната, можно е Баерн да не купува нови играчи на таа позиција и да се потпре на Зиле и на Хернандез. Тука се и Дејвис и Павар како бекови.