Порто го имаше четвртфиналето во раце, имаше напад за победа, имаше и претходно и седмерец. Не беше искористена ниту една шанса за поинаков крај на гостувањето кај Алборг, каде беше поразен со 27-24 за крај на сезоната во Лигата на шампионите.

Уште поголема штета е што Никола Митревски денеска беше фантастичен, особено во првото полувреме, во кое не му дозволуваше на противникот да се разигра, 10-9 на одморот беа благодарение на него, имаше 12 одбрани. На крајот запиша 15 интервенции, но не беа доволни за голема радост и пласман во четвртфиналето.

Останува двојната одбрана на Митревски да се најде во Топ на ЕХФТВ по завршување на реванш средбите.