Вечерва од 18:45 часот во Торино, се игра заостанатиот меч од 3.коло меѓу Јувентус – Наполи. Познато е дека наполитанците прво не допатуваа во Торино по што овој натпревар беше регистриран со 3:0 за Јуве. Наполи се жалеше и ја доби жалбата, по потоа двапати бепе одложуван. Па така дури вечерва ќе се игра.

Инаку на овој натпревар веројатно се решава судбината на тренерот Андреа Пирло во Јуве. Во случај на пораз и дефинитивно тој добива отказ, барем такви се најавите во тамошните медиуми, а сезоната ќе ја истера Игор Тудор за да во јуни на клупата одново ќе седне Масимилијано Алегри.

Според најавите, во тимот на Наполи се очекува своја минутажа да добие и Македонецот Елиф Елмас.