Реал Мадрид го победи Ливерпул со 3-1 во првата четвртфинална пресметка во Лигата на шампиони. Иако ништо не е готово, сепак Зинедин Зидан беше задоволен од играта на своите момци, го пофали нивниот карактер.

Една од изјавите на францускиот стратег се најде во центарот на вниманието, а се однесува на неговата иднина.

„Дали ми фали Италија повеќе од Дел Пиеро? Еднакво. Италија е во моето срце, во Торино минав пет години и Јувентус ми е многу важен. Мојата иднина во Јувентус? Засега сум тука, ќе видиме“, одговори Зидан.

Зидан во Јувентус играше од 1996 година до 2001 година, освои шест трофеи. Торинскиот тим во овој момент не му оду добро, можно е по девет години во низа да остане без титулата. Сето ова го прави местото на Прило несигурно.