Откако одлучи водството на клубот од Милано да го промени логото, автоматски тоа значеше дека наскоро ќе биде промовиран и новиот дрес.

Интер во моментов прави редизајн на неговата опрема, со што нормално се бави целата јавност не само во Италија и се оценува каква работа завршиле вредните дизајнери од Најк.

Интер соработува години со оовој светски спортски бренд, а како изгледа новиот дрес на Интер во кој покрај сината и белата боја, доминира и жолтата проценете сами.