Ирска во моментов не може да гарантира гледачи на натпреварите на ЕП во фудбал ова лето. Денеска со допис до УЕФА, Ирците ја информираа Европската конфедерација за својот став.

„Фудбалскиот сојуз на Ирска, по препорака и насока на владата, денес ја извести УЕФА дека поради пандемијата, во моментов не сме во состојба да обезбеди гаранции за минимален број гледачи за натпреварите на ЕП 2020 што ќе се играат во Даблин во јуни. Во исто време, ја информиравме УЕФА дека ова прашање ќе остане во видното поле на организацијата и ќе се дискутира со УЕФА на континуирана основа“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на федерацијата.