Италијанските медиуми пишуваат дека летоска може да се случи голема размена меѓу големите ривали Јувентус и Милан.

Јувентус бара стопер како замена за Киелини кој најавил пензија, па изборот паднал на Ромањоли од Милан, а пак, на „росонерите“ им треба крило, па тие го посакуваат Бернардески кој сезонава е во втор план во тимот од Торино поради Киеза и Кулушевски.

Затоа би можело да дојде до размена меѓу овие два тима.

Интересно е што во оваа размена би требало да биде вклучен агентот Мино Рајола, кој е менаџер и на двајцата играчи.