Лоши вести за Атлетико Мадрид. Луис Суарез, кој има мускулна повреда на левата нога, ќе мора да ги пропушти најмалку следните три натпревари.

„Луис Суарез доби мускулна повреда на левата нога. Откако почувствува болка на денешниот тренинг, направивме тестови кои ја потврдија повредата”, се вели во соопштението на Атлетико.

Уругвајскиот напаѓач ќе се врати на терен кога ќе му дозволи повредата, но „Марка“ вели дека тој ќе отсуствува најмалку три недели. Тој е клучен играч на Симеоне и ќе биде голем проблем да се состави нападот во негово отсуство.