Голема победа за пласман во големото Куп финале и голема радост на Силексовци попладнево по триумфот во Струга против Трим Лум од 1:0. Каракамишев е херојот, тој беше стрелецот во 82.минута за кратовци за победа над домашниот тим.

И како што доликува по еден така голем успех, успех кој кратовци го чекаа цели 24 години, следуваше и победничко селфи на силексовци во соблекувалната на Градскиот стадион во Струга.