Очајно прво полувреме за МЗТ Скопје на гостувањето кај Гостивар во заостанатиот меч од седмото коло во Првата лига. Чудно, но вистинито за девет минути во втората четвртина, гостинскиот тим имаше постигнато само два поени, пред самиот крај Николов и Мекиќ од линијата за слободни фрлања успеаја да го ублажат срамот.

На полувремето е 39-23 за Гостивар, кој од овој меч е под водство на Александар Јончевски.