Дерби Каунти, кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата ќе има нов сопственик откако денеска беше потврдена зделката со шпанската компанија „No Limits Sports Limited“. Компанијата е под контрола на шпанскиот бизнисмен Ерик Алонсо. Префрлувањето на акциите би требало да се заврши до крајот на овој месец.

Алонсо претходно работел како советник во Шефилд Венздеј, објави огромна желба да го преземе контролниот пакет на акции на Дерби Каунти. Тој додаде дека Вејн Руни ќе остане на менаџерската позиција.

Со нетпрение очекуваме да работиме со Вејн Руни и ќе се потрудиме да ја засилиме и да бидеме амбициозни. Благодариме на досегашниот сопственик Мел Морис и на неговите соработници за целата помош и поддршка при реализацијата на зделката“, изјави Алонсо.

Во 2020 година за Дерби беше заинтересиран милијардер од Обединетите Арапски Емирати но тогаш не се случи продажба.