Италијанскиот шампион Јувентус со 2:1 го доби двапати одложуваниот дуел со Наполи од 3. коло во италијанската Серија А. Вечерва на својот стадион, фудбалерите на Пирло славеа над момците на Гатузо во меч кој беше од посебно значење и за двата состави во битката за место во Лигата на шампионите следната сезона.

Јуве поведе со голот на Роналдо во 13. минута на натпреварот, а вториот гол за 2:0 беше дело на ревервистот Дибала на 10 минути пред крајот на мечот. Во составот на Наполи, нашиот репрезентативец Елмас повторно беше на клупата, но доби шанса за игра во 76. минута кога го замени Мертенс. Во завршницата Киелини направи прекршок во сопствениот шеснаесетник, по што Инсиње од пенал погоди за 2:1.

Во заостанат меч од 28. коло, Интер вечерва славеше дома над Сасуоло со 2:1 и ја задржа големата предност на врвот на табелата во Серија А. „нероаѕурите“ тргнаа со гол уште во 10. минута кога Лукаку погоди во гостинскиот гол, а предноста ја удвои Лаутаро Мартинез со погодокот во 67. минута.

Упорните гости успеаја да погодат во 85. минута по една грешка на домашната одбрана. Траоре постигна убав погодок  за 2:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore