Македонските интернационалци и репрезентативци во редовите на Динамо Загреб, Аријан Адеми и Стефан Ристовски вечерва од 21:00 часот на својот Максимир го играат првиот натпревар од двомечот против шпански Виљареал во рамките од четвртфиналната фаза од Лигата на Европа.

Динамо веќе го прави својот историски успех. Испишува страница со златни букви од својата богата меѓународна историја. Сепак, успех во овој двомеч секако дека ќе биде нешто посебно, затоа што клбуот од Загреб има реални шанси да влезе во полуфиналето од второто по ред клупско натпреварување во Европа.

Иако Виљареал реално е фаворит, сепак, Динамо сезонава покажа дека токму против фаворитите игра најдобро. Против Тотехнем на домашен терен го одигра најдобриот европски меч во историјата на клубот. Фантастични 3:0 во дуел со клуб кој играше неодамна финале во Лигата на Шампионите. Тоа не само што е показател дека Динамо може против секого, туку дека може и да победува против секого.

А што се однесува до Адеми и Ристовски, тие имаат уште еден адут плус во себе.

Имаат триумф против Германија, големата Германија во меѓувреме. Со нашата репрезентација, која што благодарение на нивната врна форма во моментов обезбедува ектра резултати. Вечерва Македонија навива за Динамо, и нека овој дуел биде уште еден голем чекор во кариерите на нашите двајца екстра квалитетни репрезентативци.