Вардар 1961 денеска го игра последниот натпревар во Лигата на шампиони. Македонскиот тим му гостува на Веспрем во реванш натпреварот од осминафиналето. По убедливиот пораз на домашен терен денешната средба ќе биде чиста формалност.

Стевче Алушовски го одреди составот за денешната средба. Го нема македонскиот репрезентативец Филип Талески, на голот ќе бидат Борко Ристовски и Марко Кизиќ.

На другата страна за оваа средба Давид Дејвис ќе смета на Хорхе Македа.