Кевин Дурент се опорави од повредата и го одигра првиот меч по паузата од речиси два месеци. Ѕвездата на Бруклин на терените го нема од 14. февруари, но тоа се чини не е проблем за него, беше фантастичен во кам-бекот.

Стив Неш му даде мала минутажа, мечот го почна од клупа, но тој го даде потребниот придонес за победа над Њу Орлеанс (139-111). За 18. минути постигна 17 поени, седум скока и пет асистенции. Она што посебно импресионираше е перфектната реализација, не промаши ниту еднаш, ги постигна сите пет обиди од поле и сите слободно фрлања.

Нетси и натаму се без Џејмс Харден, па најефикасен во победата беше Кајри Ирвинг со 24 поени и шест скока, ЛаМаркус Олдриџ запиша 22 поени.

Денвер на свој терен беше подобар од Сан Антонио со 106-96 за втора победа во низа, во центарот на вниманието беше Никола Јокиќ. Српскиот репрезентативец беше на чекор до трипл-дабл. Зад своето име запиша 25 поени, 10 асистенции и 9 скока. Покрај него одличен беше Портер со 18 поени и 10 скока, Бартон запиша 14 поени, кај Српси, Мареј имаше 18 поени.

Резултати: Индијана – Минесота 141-137, Орландо – Вашингтон 116-131, Бостон – Њујорк 101-99, Бруклин – Њу Орлеанс 139-111, Атланта – Мемфис 113-131, Хјустон – Далас 102-93, Оклахома – Шрлот 102-113, Денвер – Сан Антонио 106-96, Феникс – Јута 117-113 (прод.).