На никој во Келце не му беше сеедно по поразот од Нант на домашен терен во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Најтешко се чини му беше на Талант Душебаев. Тренерот на полскиот првак е добро познат по својот темперамент, но и по делењето на комплименти кога навистина има потреба од тоа.

Претходниот меч го фалеше Кирил Лазаров на прес-конференција, синоќа му честиташе на Нилсен. Голманот на Нант запиша 18 интервенции и беше најдобриот играч на францускиот тим на средбата во Келце.