Што и да се пише за Кирил Лазаров дефинитивно ќе биде премалку. За „кралот македонски“ нема граници, и на 40. години тој ги поместува истите. Од вчера нашиот најдобар ракометар и селектор на националниот тим е нов рекордер во Лигата на шампионите.

Откако стана недопирлив по бројот на постигнати голови во ова натпреварување, тој се искачи на врвот на листата на играчи со најмногу настапи во ЛШ. Лазаров против Келце го одигра 250 натпревар, овој специјален дуел беше крунисан на најдобар можен начин, неговиот Нант се пласираше во четвртфиналето.

Искуството на Лазаров се покажа како клучно, во моменти кога Нант имаше негатива, тој го поведе својот тим кон победата. Овој пат покрај погодоците (вкупно 4), Кире имаше пет асистенции, искусно ја мамеше одбраната на противникот, и протнуваше топки до своите соиграчи само он како што знае и умее.

Ова е само една од петте асистенции, потези, од кои дефинитивно треба да учат неговите наследници.