Антонио Конте, тренерот на Интер имаше пофални зборови за неговите избраници по синоќешниот триумф над Сасуоло од 2:1 на домашен терен.

„На сред првенство, моравме да го направиме следниот чекор ако навистина сакавме да играме важна улога во текот на сезоната и да се бориме за Скудетото. Моравме да станеме поодлучни, пофокусирани во секоја ситуација и поотпорни. Можеме да имаме натпревари како денешните, во кои можеме да излеземе без напнатост и да дадеме пет-шест гола, ако бидеме поефикасни. Сасуоло се бореше до крајот, иако погоди само кога Милан Шкрињар го напушти теренот“ – изјави Конте па додаде.

„Добро е да играме убаво, но скудетото е поважно. Игравме прекрасен фудбал во Лигата на шампионите, но сите зборуваа за тоа како испаднавме. Значи, сега треба да се фокусираме на резултатите. Ние се обидуваме да притиснеме силно без да преземеме премногу ризици за да извлечеме максимум од играчи како Лукаку, Лаутаро или Хакими“ – додава Конте.