Лаутаро Мартинез во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Дел е од тимот на Интер кој е фаворитот за титулата во Серија А, неговата вредност на пазарот е огромна и тој од меч во меч се гледа дека и тоа како напредува.  Дуелот против Сасуоло синоќа беше уште еден пример кој му оди во прилот на напаѓачот.

„Тоа беше многу важен натпревар за нас, со што ја зголемивме залихата на бодови на врвот на табелата. Некаде на половина од сезоната разговаравме како тим и сега го правиме она што тренерот го сака од нас. Ние сме лидери затоа што сме Интер и работиме напорно цела недела. Среќни сме што сме први, но мора да продолжиме вака. Не чека нов натпревар во недела, затоа не треба да застануваме. За мене е сон да бидам тука, во толку голем клуб. Јас секогаш се обидувам да се подобрам и знам дека треба да станам посилен“ – изјави Лаутаро па додаде. 

Имам доверба од моите соиграчи и стручниот штаб. Затоа морам да им се оддолжам на теренот. Под водство на Конте, јас пораснав ментално и тактички. Благодарен сум му нему и на моите соиграчи. Честитки за Сасуоло, затоа што денес тие одиграа навистина добро “, прокоментира Лаутаро по мечот со Сасуоло. 

Интер со нов чекор кон титулата по 2: 1 против Сасуоло
Волумен 90%