Како што и се најавуваше, Гренд Слем турнирот Ролан Гарос, еден од четирите во светот на тенисот и официјално е поместен, но за само една недела. Како што информираа од страна на Француската тениска федерација, Ролан Гарос место на 23 мај ќе стартува на 30 мај и ќе трае до 13 јуни. Ова се прави поради кризата со пандемија со Ковид-19, која секако дека ја зафати и Франција.

Сепак добра вест е дека Ролан Гарос ќе се игра во мај, а не во септември како што беше лани кога во финалето Рафаел Надал успеа да го победи Новак Ѓоковиќ.