Џерард Пике денеска тренираше заедно со остатокот од екипата на Барселона. Според извештаите, тој го издржал тренингот, и веројатно е подготвен за настап. И тоа не било кој настап туку на Ел Класико против Реал Мадрид викендов од 21:00 часот в сабота.

Пике дефинитивно патувА за Мадрид, но големо прашање е дали тренерот на Каталонците, Роналд Куман ќе се одлучи да го стави во стартниот тим и да ризикува со него, дали ќе биде во состојба да издржи цел меч.

Ова секако дека е една од главните дилеми пред дуелот в сабота барем што се однесува до таборот на БАрселона.