Тимот на Јувентус, и тренерот Андреа Пирло синоќа го добија можеби најважниот натпревар сезонава. Против Наполи на домашен терен со 2:1, и на тој начин си купија мир и време за уште поголем напредок сезонава.

Пирло беше под голем притисок пред мечот, императивот на победа беше огромен, а во триумфот голем удел имало очигледно тимскиот дух, но и враќањето на Пауло Дибала во составот.

„Кога го имате овој победнички дух во себе, односно кога се жртвувате, и трчате дополнително за да покриете соиграч кој не е на неговата позиција, и кога тоа гледате дека ви го носи посакуваниот резултат, е тоа е она што очигледно ни фалеше во претходниот дел од сезоната“ – изјави Пирло па додаде.

„Ни недостасуваше Дибала. Кога имате играч како него во составот, треба да му ја дадете секоја можна шанса. Ние мора да го искористиме максимално, а тој има уште само 12 месеци од актуелниот договор“ – вели младиот стратег на Јуве.