Македонската репрезентација до 17. години загуби на вториот контролен натпревар против соодветната репрезентација на Црна Гора на гостински терен со 2:1.

Нашиот национален тим под водство на селекторот Драган Канатларовски поведе на стартот на мечот, но потоа дојде до ком-плетен пресврт.

На првиот натпревар Црна Гора и Македонија одиграа без голови 0:0.