Вардар 1961 вечерва ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона. Македонскиот тим е гостина на Веспрем во реванш мечот од осминафиналето, патникот во следната рунда беше решен во Скопје, па оваа пресметка ќе биде чиста формалоност.

Тренерот Стевче Алушовски имаат негатива од 14 гола, за пресврт нема да биде потребно само чудо, туку многу повеќе. Реално, Вардар 1961 е свесен за своите можности на оваа средба, но тоа не значи дека треба да излезе со бело знаме.

По онаа катастрофална игра во СЦ „Јане Сандански“ им должи на своите поддржувачи една добра партија, срце на терен и лавовска битка, на крајот и убедливиот пораз по едно вакво издание ќе биде достоен.

Мечот е закажан со почеток во 18:45 часот, на оваа средба Стевче Алушовски на располагање треба да го има целиот ростер, пред тргнувањето за Веспрем сите тестови беа негативни.