Легендарниот голман на Баерн Минхен и долгогодишен капитен, Оливер Кан, инаку идниот директор на клубот, синоќа од трибините го гледаше својот тим како губи од ПСЖ.

Јасно е дека не му беше сеедно на родениот победник, а посебно не во моментот кога Мбапе го постигна својот втор гол на мечот за водство на гостите од 3:2. Оваа негова реакција, која можете да ја видите на фотографијата говори повеќе од илјада зборови.

Олигледно беше разочарувањето на Кан, кој погледот го криеше кон подот неверувајќи што навистина се случува.

Инаку од јануари 2022 година Оливер Кан ќе биде назначен за Извршен директор на Баерн Минхен, тој на оваа функција ќе го наследи Карл-Хајнц Румениге.