Тимот на Баерн Минхен синоќа изненадувачки за многумина доживеа пораз од ПСЖ со 2:3 во рамките од четвртфиналната фаза од Лигата на Шампионите. По стартните 0:2, Баерн изедначи на 2:2, но потоа Килиан Мбапе постигна гол за ново водство на гостите. Истото се покажа како одлучувачко и конечно.

„Промашивме многу за да победиме. А тие дадоа погодоци, од неколку акции кои ги имаа, од неколку шанси. Реално, сметам дека требаше сега да имаме подобар резултат за во реваншот но јас сум задоволен од начинот на кој што одигравме и настапивме на овој натпревар. Нормално дека не сакам да губам, но ако веќе мора, тоа нека е на овој начин. Мислам дека со ваква игра, и пристап, дека имаме реални шанси да се надеваме на позитивен резултат во Париз и секако продолжување на европскиот пат“ – изјави тренерот на Баерн, Ханси Флик по синоќешниот пораз од ПСЖ