Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва го стартува априлскиот квалификациски циклус за ЕП, во кој ќе одоигра два меча. Прво играме со БиХ дома, во салата “Јане Сандански“ во Скопје, со почеток во 19 часот, а на 14 април и гостуваме на Романија за крај на овие квалификации.

И на двата меча Македонија ќе биде драстично ослабена, нема да играат дури седумина стандардни репрезентативци, а вечерва во Скопје ни гостува силната футсал селекција на БиХ, која е и лидер на табелата, и која како прва директно се пласира на ЕП.

Како што информираше селекторот Скендеровски ситуацијата е таа, противникот е квалитетен, ние играме без седумина и тоа расни причини, повреди и слично.

Добро е тоа што ќе има дебитанти кои ќе добијат своја шанса да покажа колку вредат во моментов, но и дека тие кои ќе настапат ќе имаат обврска да ја искористат шансата за добар резултат.

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО

МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА (08.04.2021)

СРБИЈА – РОМАНИЈА (09.04.21)

ТАБЕЛА

1.БИХ 12 бод

2.СРБИЈА 5

3.РОМАНИЈА 2

4.МАКЕДОНИЈА 2

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО

РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА (14.04.2021)

БИХ – СРБИЈА (14.04.2021)