Во Сараево беше формирана регионалната лига во бокс, а во неа се најдоа осум клубови од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Црна Гора и Словенија. Македонски претставник е БК Вардар кој се најде во групата А заедно со Лозница (Србија), Железничар (БиХ) и Црногорски Соколи (Црна Гора).

Според распоредот, во првото коло, на крајот на мај Вардар ќе биде домаќин на Лозница.

Група А

Прво коло: Вардар-Лозница, Железничар – Црногорски Соколи

Група Б

Прво коло: Црвена Звезда – Марибор, Хрватски Витези – Радник