Арлинд Шабани (19), младиот играч за врска, големиот талент на Струга Трим Лум е пред летен трансфер во Турција. Имено за Шабани, кој во нашиот прволигаш дојде од Косово, и е член на младата селекција на својата земја, интерес пројавуваат клубовите Касимпаша и Ризеспор. И двата клуба веќе некое време ги следеле настапите на талентот на Струга Трим Лум и набргу ќе се знае во детали за што всушност станува збор.

Секако дека за овој можен трансфер се прашува и самиот клуб, кој во случај да се направи трансферот ќе заработи добра сума на пари. Инаку, како што пренесуваат медиумите од Косово, медијатор на овој трансфер бил менаџерот на големата турска ѕвезда Џенгис Ундер.

Како што велат од Струга Трим Лум, интерес има и за останатите нивни млади играчи како Шеји, Јахја, Цаке…