Со еден бод од гостувањето во Севилја против Бетис, Атлетико (М) на Диего Симеоне се врати на челното место на Ла Лига.

„Јорганџиите“ одиграа 1:1 против Бетис на гостински терен, но имаа шанса во судиското продолжение да дојдат и до победа. Најпрво ударот со глава на Анхел Кореа голманот на домашните успеа да го одбрани, а потоа истиот фудбалер излезе сам пред голманот на „зелено-белите“, но и овој пат не успеа да го матира.

Атлетико поведе рано, уште во 5. минута на натпреварот со голот на Караско. Домашните се созедоа од шокот и само 15 минути подоцна преку Кристијан Тељо успеаја да возвратат и да израмнат на 1:1, што излезе дека е и конечниот резултат на оваа дерби пресметка.

Standings provided by SofaScore LiveScore