Ненад Димитријевиќ и Хувентуд запишаа убедлив пораз во Ендеса Лига, на домашен терен беа совладани од Гран Канарија со 84-103 во 30. коло. Тимот од Бадалона беше непрепознатлив, одигра под очекувањата, на стартот на третата четвртина имаше и негатива од 23 поени (34-57).

Македонскиот репрезентативец и неговите соиграчи на истекот на 30. минута намалија на 68-72, но одновно изгубија здив. Хувентуд остана на седмата позиција со скор од 16-12.

Димитријевиќ беше трет стрелец со 13 поени (0/5 за три, 5/9 за два, 3/3 за еден), за нецели 25. минути додаде уште четири скока и шест асистенции.

Пораз ова коло запиша и Џејкоб Вајли, неговиот тим на Сарагоса беше совладан од Валенсија со 76-85. Американецот со македонски пасош мечот го заврши со пет поени и три скока.