Реал Мадрид во 30. коло во Ла Лига ја победи Барселона со 2-1 и скокна на првото место на табелата.

Момците на Зинедин Зидан поведоа во првото полуврме со 2-0, со головите на Бензема и Крос, во 60. минута Мингеза намали на 2-1. Гостите притискаа, но не успеаја да дојдат до израмнување.

„Победата е заслужена, бевме подобри. Но, момците во овој момент се на границата на физичка издржливост и ќе ни биде тешко до самиот крајот. Имаме проблеми со физичката подготвеност и тешко ги завршуваме натпреварите, немаме сила. До крајот на сезоната ќе ни бидат потребни сите расположливи играчи, не смееме да изгубиме повеќе ниту еден фудбалер. Не знам како ќе издржиме до самиот крај“, изјави Зидан.

Головите можете да ги видите на следниот ЛИНК.