ЛА Лејкерс им се врати на победите и тоа во голел стил. Актуелниот првак во НБА-лигата без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис во составот го совлада „Дрим тимот“ на Бруклин со убедливи 101-126.

За Лејкерси ова беше 33. триумф оваа сезона со 20 порази и натаму се наоѓа на петото место во Западот, на другата страна Нетси го запишаа 17. порази, тие се на втората позиција на табелата на Истокот.

Двата тима одиграа одличен натпревар, добрата игра во последниот период, кој Лејкерси го добија со 24-34 бепе клучна за крајниот резултат. Друмонд со 20 поени и 11 скока го предводеше својот тим до триумф, Шрудер имаше 19 поени. На другата страна Дурент запиша 22 поени, додека Ирвинг 18, во составот го немаше Харден.

Стеф Кари уште еднаш ги покажа своите квалитети. Во победата над Хјустон од 125-109 не само што беше прв стрелец во редовите на Голден Стејт со 38 поени, тој постигна осум тројки и тоа со над 50% реализација, иако неговите шутеви не доаѓаа од изградена позиција. Една од нив доаѓа од десет метри, навистина е вистинско ремек дело, а оригинална реакција имаше неговиот соиграч Клеј Томпсон.

 


На остантите средби: Кливленд – Торонто 115-135, Оклахома – Филаделфија 93-117, Јута – Сакраменто 128-112, Феникс – Вашингтон 134-106, Портланд – Детроит 118-103. 

ФОТО: NBA