Денеска се одиграа преостанатите мечеви од првото коло во Супер-лигата. Баскет Кам се најде во центарот на вниманието, не толку поради убедливиот триумф против Струга од 88-53, туку по феноменалната партија на убиствениот тандем Анжелика Митрашиновиќ и Ивана Кметовска.

Двете најдобри кошаркари на овој тим заедно постигнаа 62 поени од вкупните 88 на својот тим. Анжелика Митрашиновиќ запиша 33 поени, девет скока, осум асистенции и седум освоени топки,  Кметовска пак даде 29 пени, 15 скока и четири асистенции.

Кошаркарките на Крива Паланка го направија првото изненадување. Беа подобри од екипата на Работнички која барем „на хартија“ важеше како фаворити, ја совладаа со 70-43.

Марјановиќ на крајот беше прв стрелец со дабл-дабл од 20 поени и 22 скока, додека Алексовска запиша 20 поени и пет скока.