Денеска од 13 часот ќе се одиграат пет меча од 22.коло во ПМФЛ. Вчера на „отварањето“ на колото, Работнички со 3:1 го победи Пелистер.

Секако дека централен меч ќе биде оној во Кратово, каде се среќаваат Силекс и Вардар. Клубови кои заедно тежат 14 шампионски пехари. Некогаш нивните мечеви решаваа за титулата, а денеска најверојатно ќе решава кој од нив во следната сезона ќе игра во ПМФЛ а кој во ВМФЛ. До таму дојде работата. Јасно е дека по овој меч има да се е

играат уште седум кола, но исто така е јасно е дека денеска кој ќе загуби може веднаш да ги пакува коферите за пат кон Втората лига.

Силекс има 26 бода и е претпоследен, Вардар има 27, исто како и Ренова. Но објективно вардарци се во најтешка ситуација. Денеска играат во Кратово, а во среда ја дочекуваат Ренова. Ова се тие решавачки 180 минути за составот на стратегот Никола Илиевски. Ова е тоа “Да се биде или не“ за Вардар.

ПОД ШАРА ЌЕ “ВРИЕ“…

Исто така со внимание ќе се проследи и дуелот меѓу Ренова и Шкендија. Екстра важен за “гипсарите“, Шкендија и да загуби нема дилеми дека ќе ја освои титулата. Но Шкендија ќе удри со сите сили, познат е спортскиот анимозитет на двата клуба меѓусебе. Секој сака да победи во ова соседско дерби. Да, лидерот е фаворит на хартија, но Ренова знаела да ја изненади Шкендија и кога “црвено – црните“ имале мега – тим.

Академија Пандев – Шкупи, уште еден супер интересен меч. “Пандевци“ на крилјата на пласманот во Куп финалето посакуваат продолжување на победничката серија, тие не кријат дека посакуваат што побргу да побегнат од опасната зона. Шкупи пак посакува да одигра најдобро што може. Тоа второ место не им е баш толку сигурно, ако се знае дека има да се игра уште седум кола.

Во Струмица попладнево ќе се одигра уште еден натпревар, и тоа меѓу Беласица која веќе е во Втората лига, и Македонија ЃП која е во шок по елиминацијата во полуфиналето од Купот. “Лавовите“ се далеку од посакуваната форма, но денеска мораат по секоја цена да победат, во спротивно веројатно е дека ове лето Европа ќе ја гледаат само преку ТВ екраните.

И во Велес, силите ќе ги одмерат Борец и Струга Трим Лум. Меч кој е многу важен и за двете екипи. Тука нема фаворити и аутсајдери, секој резултат е можен.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

СИЛЕКС – ВАРДАР

РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

А.ПАНДЕВ – ШКУПИ

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3:1