Дека иднината на Мбапе во ПСЖ е комплетно несигурна, потврдува и денешното пишување на француски „Телефут“, кој тврди дека парижани имаат три имиња на листата на желби за заменик на младиот француски голгетер.

Мбапе чиј истекува во летото 2022 година наводно сака да се пресели во Реал (М).

По оваа јасно изразена желба, ПСЖ веројатно мора веднаш да подготви стратегија за доведување на соодветна замена за него ова лето. „Светците“ размислуваат за три напаѓачи како можна замена за нивната sвезда и тоа Лионел Меси (Барселона), Хари Кејн (Тотенхем) и Мохамед Салах (Ливерпул).

Забележано е дека спортскиот директор на тимот, Леонардо сака да го донесе Меси, додека голема желба на Маурисио Покетино е Хари Кејн со кого работеше во Тотенхем.