Дејан Манасков и Веспрем се освојувачи на Купот во Унгарија. Во финалето го совладаа Пик Сегед со 28-26 и стигнаа до 28. пехар во ова натпреварување.

Двата тима одиграа неизвесен натпревар, почетокот на првото полувреме им припадна на ракометарите на Пик Сегед имаа позитива од еден до два гола. Пред крајот на овој дел, Веспрем ја превзема контролата и на одморот замина со водство од 14-12.

Избраниците на Давид Дејвис продолжија во ист ритам и во вторите 30. минути, имаа и позитива од четири гола, на крајот заслужено се радуваа на победа. Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со два гола од исто толку обиди.

ФОТО: Веспрем