Вечерва во меч од 31.коло во Премиер-лигата, екипата на Вест Бромвич Албион со 3:0 го победи Саутемптон и остана надежта за опстанок. Многу подобра игра на домашните и заслужена победа, на кои при резултат 0:0 во 5.минута ВАР им поништи гол поради офјсад.

Но тоа не ги поколеба домашните фудбалери, кои во 32.минута од пенал преку Переира поведоа со 1:0. Три минути подоцна Филипс го удвои водството на ВБА, со тој резултат од 2:0 се замина на пауза.

Во вториот дел домашните и натаму ја контролираа играта, па така во 69.минута Робинсон со гол ги постави конечните 3:0.

Да споменеме дека во 90+3.минута Саутемптон преку Вард-Проуз, не успеа да реализира пенал и барем да постигне почесен гол.

Со оваа победа ВБА сега има 24 бодови, но се уште е во опасната зона на табелата, поточно сеуште е на 19.место.