Натпреварот од шестото коло на групата А на СЕХА Гаспром лигата помеѓу Е.Пелистер и ППД Загреб, планиран за 13 април во 17:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ нема да се одигра.

„Хрватскиот тим има големи проблеми со Ковид-19 во своите редови и на барање на ППД Загреб натпреварот е одложен. СЕХА Гаспром лигата дополнително ќе одлучи дали ќе се одигра овој натпревар и ако постои можност, ќе биде дефиниран нов термин.

Оваа празнина ќе биде пополнета в среда попладне со натпревар од шестото коло на плеј-офот на Суперлигата помеѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2“, известија од таборот на битолчани.