Мино Раиола денеска даде уште една изјава која се однесува на Ерлинг Халанд. Изминатата недела беше и во Барселона и во Мадрид преговараше за негов трансфер, а што ќе излезе од сето тоа останува да видиме.

„Можам да потврдам дека бев во Дортмунд и дека Михаел Цорк многу јасно ми кажа дека не сака да го продаде Ерлинг. Тоа го почитувам како нивен став, но секако дека не се согласувам. Мора да нагласам во старт дека нема никаков проблем меѓу нас, не сме во војна“, изјави Раиола.

Англиските медиуми пак нагласуваат дека Раиола има луд план, планира Халанд да го направи првиот играч кој ќе заработува милион евра неделно и дека тоа е сериозен проблем за поголемиот број на заинтересирани клубови.