Јанта волеј го совлада тимот на Вардар 2019 со 3:0 (25:20, 27:25, 25:9) во првиот натпревар од финалето во најсилната македонска женска одбојкарска лига и израмни на 1-1 во трката за тронот. Тимот од Кисела Вода, одигра одлично во третиот сет, кој го доби со 25-9.

Средната блокерка Тамара Тасевска придонесе со 13 поени во триумфот на својот тим, од нив шест аса беа во серијата од 13:0 по првиот тајм-аут на вардаровиот тренер Горан Славков, а одлична поддршка имаше и од нејзината колешка на истата позиција Симона Стојановска со 8 поени. Исто толку освои Сара Серафимова, а Бојана Маројевиќ заврши со 2. Во редовите на Вардар 2019, Агуеро имаше 12 поени.

Вториот натпревар од финалната серија ќе биде одигран в четврток.

ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија