Манчестер Сити е патник во полуфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва во Дортмунд со 2:1 ја победи Борусија. „Граѓаните“ дојдоа во Германија со предност од 2:1 од првиот меч, а по првото полувреме на „Сигнал Идуна Парк“ губеа со 1:0. Џад Белингем постигна убав гол за водство на „милионерите“ кои во тие моменти имаа билет за полуфиналето поради оној гол во гости.

Водството домашните го изгубија во 55 минута. Емре Џан во обид да исфрли топка играше со рака поради што судијата покажа пенал. Ријад Марез изедначи од белата точка. Тоа беше поттикот за „Граѓаните“ кои ја искористија отвореноста на домашните фудбалери кои нападнаа да дадат втор гол и евентуални продолженија. Во 75 минута Фил Фоден ја затресе мрежата на домашните и со тоа го завери пласманот на Сити во полуфиналето.

„Граѓаните“ во полуфиналето ќе се соочат со ПСЖ.